Симоне потпиша нов договор, останува до 2026 година во Монпелје!

Легендата на аргентинскиот ракомет, Диего Симоне, потпиша нов договор со францускиот Монпелје.

Тоа што беше најавено минатата недела, доби и официјализација, па средниот бек и францускиот тим открија дека е продолжена соработката до 2026 година.

Симоне настапува во Монпелје од 2013 година и за тоа време одигра 204 натпревари и постигна 584 гола.

Низ дел од европските медиуми се споменуваше интерес од Барса по заминувањето на Циндриќ и повредата на Макуц.

Покрај Барса, се пишуваше и за трансфер во Куенка, каде што игра неговиот брат Пабло, но нема ништо од заминувањето во Асобал лигата.