Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската репрезентативка Симона Стојковска, забележа триумф во Бундес лигата.
Во натпревар од 9 коло, Цвикау на домашен терен го совлада Розенгартен Бушолц, а Стојковска беше меѓу позабележителните фигури во победничката екипа.
Цвикау славеше со 25-24, а три погодоци од четири обиди беа дело на Стоковска, која патем имаше и две исклучувања.
Ривалот водеше со 19-20, но Стојковска најпрво израмни, а потоа реализираше и за 22-20, што на крајот се покажа како клучен момент.
Со оваа победа Цвикау се искачи место погоре, а следен предизвик за Македонката и нејзиниот тим ќе биде гостувањето кај Бад Виндулген на 2 јануари.