Иако беше најавено дека нема да настапи на двомечот од баражот за СП против Романија поради приватни причини, сепак Симона Стојковска ќе биде на располагање.
Со тоа селекторот Симе Симовски добива уште една опција во бековската линија, а Стојковска која игра во одлична форма за германскиот Цвикау може да биде од голема помош.
Ракометарките утре во 16:00 часот со чартер лет заминуваат за Букурешт, каде што в сабота ќе го играат првиот натпревар.
Реваншот ќе се игра во Скопје, на 21 април со почеток во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.