Симона Стојковска не мрда од Германија, потпиша нов договор со Цвикау!

Македонската репрезентативка Симона Стојковска и во наредната сезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Цвикау.

Одличните партии минатата сезона беа причина раководството на Цвикау да и понуди нова соработка, а Стојковска ја прифати понудата.

Претстојната сезона ќе биде четврта за македонската репрезентативка во Цвикау, а петта во Германија, каде што играше една сезона и за Некарсулмер.

Стојковска во Македонија играше за Феникс и Металург, додека на меѓународна сцена беше дел од ПАОК Солун.