Меѓу осумте екипи кои обезбедија место во полуфиналето од Челенџ купот во женска конкуренција е и Наиса од Ниш, а тоа значи дека и Македонија ќе има свој претставник во Симона Стојановска.
Ракометарката која веќе две сезони игра во овој тим доби можност да игра во завршницата и утре ќе го дознае противникот со кој ќе треба да ги одмери силите.
Ривалите се Хрватска, Шпанија, Холандија и Португалија.
Во четврт-финалето се најдоа и тимовите на Локомотива (Хрватска), Бјеловар (Хрватска), Ваљадолид (Шпанија), Гранољерс (Шпанија), Атлетико Гуардес (Шпанија), Јуро Унирек (Холандија) и Мадеира (Португалија).
Со оглед на тоа што нема рангирање секој може против секого во четврт-финалните пресметки.