Екипата на Ѓорче Петров подготвува нов проект во женскиот ракомет, а амбициите на клубот ќе бидат пласман меѓу најдобрите четири екипи во следната сезона.
За остварување на целите, Ѓорче Петров ќе треба да ангажира неколку квалитетни ракометарки. Според информациите на 24Ракомет, репрезентативката на Македонија, Симона Стојановска е пред трансфер во амбициозната екипа на Ѓорче Петров.
Стојановска игра на позицијата среден бек и се очекува да биде една од носителките во екипата која ќе биде предводена од новиот тренер, Оливер Димитриоски.
Во својата кариера, Стојановска го носеше дресот на Вардар Јуниор, Вардар, полскиот Погон Шчечин, а последните три сезони ги помина во српскиот суперлигаш, Наиса Ниш.
Освен искуство од натпревари во Европските купови, Стојановска имаше и неколку настапи во Лигата на шампионите со поранешниот шампион на Македонија, Вардар.
Ѓорче Петров има нов проект, Оливер Димитриоски ќе биде предводник