Тимот на Ѓорче Петров славеше над Чаир со 32-28 во второто полуфинале од Купот на Македонија и обезбеди борба за трофејот против Металург.
Тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски, очекува интересно финале, но посакува подобра игра на неговите избранички.
„Како што истакнав и пред натпреварот, напорно работиме девет месеци, трудот на некој начин се исплати за да обезбедиме пласман во финалето после толку години. Честитки за девојките, на стручниот штаб и на логистиката на клубот, која не поддржува и функционира заедно со нас. Не очекува финале кое доликува, Ѓорче Петров и Металург се две добри екипи и посакувам за утрешниот натпревар да пружиме подобра игра. Физички сме доволно спремни, резултатот го контролиравме во текот на целиот натпревар и во вториот дел сакав да им дадам шанса на младите ракометарки кои доаѓаат од пионерската и кадетската екипа, но на вакви натпревари не можат да одговорат како што треба, но ќе соберат плус искуство“, изјави Симовски.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Металург се игра утре во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 17:00 часот.
Ѓорче Петров го надигра Чаир, ќе се бори за 17. трофеј во Купот на Македонија!