Лидерот во женската лига, Куманово од вчера е без тренер. Симе Симовски кој го водеше тимот од почетокот на сезоната вчера поднесе оставка, па екипата веќе има нов стратег.
За заминувањето од тренерската позиција, Симовски имаше краток коментар.
„Во мојата тренерска кариера, воедно и селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, ја напуштам функцијата тренер на Куманово. На ваков чекор се одлучив бидејќи не можев да поминам над моите принципи“, рече Симовски.
Тој засега останува само на позицијата селектор на женската репрезентација на Македонија, а дали ќе има нов клупски ангажман ќе се знае наскоро.