Куманово и Вардар одиграа интересен натпревар во дербито на колото во женската лига, но победата им припадна кумановки после голема борба. По натпреварот тренерот Симе Симовски имаше свое видување за дуелот против својот поранешен тим.
„Искрено очекував тежок натпревар бидејќи сега ги познавам и двете екипи. Без разлика на тоа натпреварот беше исцрпувачки затоа што и двете екипи се технички добро подготвени и го покажаа тоа на терен со квалитетно издание. Одигравме добро во одбрана во првото полувреме, примивме само пет гола од игра, останатите беа седмерец и контри. Одбраната добро функционираше со исклучок на почетоткот на второто полувреме кога и голманката потфрли за разлика во првиот дел. Исто така нашиот напад затаи во продолжението, од изградени ситуации имавме 11 промашени удари“, рече Симовски.
Во пресрет на можеби клучниот натпревар сезонава против актуелниот шампион Металург, кој е на програмата за две кола Симовски истакна дека напорно работат во подготовките и ќе го дочекаат дуелот потполно подготвени.
„Имаме доволно време да се подготвиме, а се подготвуваме и од почетокот на сезоната. Добро функцонираат девојките, се покажа дека и кога промашуваме пак знаеме да го одржуваме резултатот во наша корист. Во наредниве две недели ќе работиме со исто темпо и ист ритам и ќе се обидеме грешките од денешниот натпревар да ги поправиме“, заврши тренерот на Куманово.
Куманово во наредното коло гостува на Овче Поле, а потоа ги очекува дуел со Металург на домашен терен.