Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде последниот ривал на Македонија пред настапот на Европското првенство. Црнорците иако имаат три учества на континенталните собири немаат победа досега, но сепак и сега стартуваат со големи амбиции.
Првата цел им е да ја остварат таа прва победа, но сакаат и пласман во втората фаза.
„Немав време да се одморам, бидејќи Бундес лигата се играше подолго поради ОИ, но тоа не ги менува плановите. Знам дека треба да останеме скромни, но никогаш не сме биле вака силни и сложни“, изјави голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ.
Ривали на Црна Гора во групата А во Грац, ќе бидат Србија, Белорусија и Хрватска.