Репрезентативецот на Црна Гора, Небојша Симиќ, кој од 2017 година настапува за Мелсунген, во амбициозниот бундеслигаш ќе остане до 2026 година.
Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на ЖРК и РК Вардар, Роберто Гарсија Парондо, преку клупската страна ја објави новата соработка со искусниот голман.
Црногорецот за неговиот актуелен клуб имаше пофални зборови и изјави дека му годи престојот во Мелсунген.
„Се чувствувам многу удобно овде. Затоа, логично е Мелсунген да ми е приоритет кога е во прашање мојата ракометна иднина. Не морав долго да размислувам, овде сѐ е одлично за мене и за моето семејство. Луѓето се добри со нас, ни се допаѓа Мелсунген како место за живеење, односно можеме многу добро да живееме овде”, изјави Симиќ.
29-годишниот голман од Црна Гора во својата кариера настапуваше и за екипите на Кристијанштад, Малме, Лунд, Ловќен, Морнар Бар и Седмерац.