Симиќ му донесе бод на Тиквеш и излез во Европа, а титула на Еурофарм Пелистер

Српскиот интернационалец Страхиња Симиќ со гол во последните секунди од мечот му донесе реми на Тиквеш, 32-32 на дуелот со Вардар. За Тиквеш ова е бод што му носи излез на европска сцена без оглед на последното коло.

Тиквеш има 18 бода, три повеќе од Охрид, но во меѓусебните дуели подобра е Тиквеш, па без оглед на последното коло кавадарчани ќе играат во Европа в година.

На едно коло до крај на првенството Вардар заостанува пет бода во однос на Еурофарм Пелистер. Битолчани веќе се новите шампиони на Македонија, а на Вардар сега му виси и второто место, кое ќе треба да го брани во последното коло против Алкалоид.

Имаше водство Тиквеш и „плус 6“, ама Вардар во последните 20 минути с еврати во игра, па дури и водеше. Драмата се случуваше во последната минута. Прво Куни Моралес погоди за водство 32-31, а Тиквеш го имаше следниот напад во кој Страхиња Симиќ со својот десетти гол донесе радост на трибините бидејќи го ирзмани резултатот на 32-32. Останаа уште неколку секунди до крај, Вардар бараше тајмаут, но потоа немаше позиција за гол, па и последниот удар на Моралес заврши во блокот.

А се почна во знакот на Тиквеш. Домаќините поведоа со 6-2 на самиот почеток, по што тренерот на Вардар, Владо Недановски мораше д абара тајмаут. Не донесе многу промени таа минута бидејќи до крај на првиот дел водството на домаќините беше 17-11. Сепак, во последните минути Вардар успеа да намали на 18-15 и да се понадева дека може после да направи пресврт.

Како што почна вториот дел така и Вардар заигра поангажирао, но предноста се уште беше во корист на Тиквеш. Во 43 минута Манасков од пенал израмни на 22-22 и од тогаш незивесност траеше до самиот крај. И вардар водеше, ама и Тиквеш правеше пресврт. Последните минути се играше „гол за гол“, а Страхиња Симиќ кој неодамна го продолжи престојот за уште три сезони со својот десетти гол ја донесе радоста што ја чекаа сите на трибините.

Симиќ даде 10 гола, а Арнад Хамзиќ 8 гола и Димитар Коцев 6 кај Тиквеш. Во екипата на Вардар, десетгола даде Дејан Манасков, а по седум дадоа Куни Моралес и Леонардо Дутра.