Црна Гора стигна до втората победа на Европските првенства во својата исторја откако ја совлада Македонија во второто коло со 28:24.
На овој дуел повторно Драшко Мрваљевиќ ја предводеше Црна Гора како заменик на Рогановиќ и успеа да обезбеди победа. После мечот беше многу задоволен од своите играчи.
„Беше многу тежок натпевар за нас, нашиот селектор пристигна вчера но повторно беше позитивен и јас морав да ја водам екипата и да бидам на клупата. После три дена стрес и обврски нема врема да го гледам дуелот на Македонија против Словенија. Имав два часа да се подготвам за натпеварот и успеав. Игравме многу дициплинирано, многу тактиички во одбрана и напад. Само можам да им честитам на моите ракометари за првата победа на Црна Гора. Ние сме мала земја но со големо срце. Моите ракометари ја заслужија победата и сакам уште еднаш да им честитам“, рече Мрваљевиќ.
Небојша Симиќ беше најзаслужен за победата на Црна Гора и после натпреварот го искажа своето задоволство од натрпеварот.
„Честитки на одличниот натпревар на противникот, тие заслужија повеќе на овие два натпервари од што добија. Имаат многу млади натпревари кои се таленти и им е потребно време. Тешка е промената на генерација, но навистина младите покажаат дека имаат потенцијал. Благодарам на македонските фанови за атмосферата. Бранко Вујовиќ играше повреден 60 минути и кога го видов тоа бев супер мотивиран и мислам дека ја направивме Црна Гора многу горда денеска. Може да се направи филм за нас на ова првенство, немавме физио-третман до вчера, синоќа ни беше првиот физио-третман и се надевам дека ќе помогне да се вратат некои играчи во тимот. Се надевам дека ќе ја изнандиме Словенија и верувам дека е возможно“, рече Симиќ.
Во третото коло Црна Гора во директен дуел против Словенија ќе се обиде да се избори за пласман во главната рудна.