Минатата година тимот на Охрид организираше претсезонски меморијален турнир „Крсте Андоновски“, а од претстојното лето овој турнир ќе прерасне и во традиционален.
Тогаш покрај езерото интересни натпревари одиграа домаќинот Охрид, Пролет, Тиквеш и Партизан, а сезонава се очекуваат осум екипи и поголем број средби.
Организаторот упати покани до три поранешни европски шампиони – Вардар, Металопластика и Целје, до македонскиот првак Еурофарм Пелистер, како и до словачкиот Татран Прешов, финскиот Кокс…
Домаќинот Охрид склопува одличен тим кој ќе биде предводен од легендарниот Стевче Алушовски, па сака да има силни проверки пред стартот на сезоната.
Предвидениот термин за овој турнир е од 23 до 26 август, но допрва ќе бидат конкретизирани сите детали и изгледот на групите.