Сикошек Пелко: Победата беше наша цел против Војводина, ја исполнивме

Пивотот на Вардар, Словенецот Домен Сикошек Пелко денеска доби шанса за игра бидејќи беше прв избор за напад на пивотменска позиција кај „црвено-црните“. Тој беше постојано на терен, а после средбата го искажа своето мислење за натпреварот.

„Имавме две силни средби во два дена и сите игравме на максимум 60 минути. Се боревме максимално во текот на целиот дуел и на крајот од средбата бевме победници тоа е најважносто бидејќи тоа беше нашата цел“, изјави Пелко.