Словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко помина самоедна сезона во европскиот шампион Вардар.
Не ги покажа сите свои квалитети, но имаше неколку одлични партии во првиот дел на сезоната особено во СЕХА лигата.
Од ова лето тој е член на шпанскиот Логроњо, но ќе игра само во Асобал лигата, а не и во европските купови.
„Во Вардар научив многу. Потписот со македонскиот тим беше голем чекор напред во мојата кариера. Таму играв со одлични играчи. За мене сезоната беше добра“, вели Сикошек.
Вардар на линијата остана со Стоилов и Калараш, тука е младиот Гашовски, а дојде и полскиот репрезентативен пикер Валчак.