Домагој Дувњак е предводник на репрезентациајта на Хрватска и со 31 година веќе има седум медали од големите натпреварувања и 19 последователни учества во низа на првенствата во сите категории.
Капитенот на Хрватска секогаш е тука кога е потребно да ги крене своите играчи во тешки моменти, прв да се фрли по секоја топка и во најтешките моменти од навивачите да побара поддршка.
Неговиот ракометен пат започна во Ѓаково, татко му Иван бил ракометен тренер, мајка му Иванка ракометарка, исто така и сестра му, па ракометот му е природен избор без наметнување. Со 15 години Дувњак играл во Првата лига, една година подоцна бил надобар стрелец.
Украдените топки кои денеска можеме да ги видиме од Дувњак во минатото биле многу побројни, а дедо му можеби зажалил што за секоја украдена топка му ветил дека ќе му дава по 50 куни.
Досега популарниот Дуле сигурно станал милионер!