„Сигурно нема да останам во ракометот, но ќе бидам навивач број еден секогаш и секаде“

Катарина Булатовиќ ја заврши богатата кариера како ракометарка на Ѓер, иако имаше шанса да настапи и на завршниот турнир што беше планиран за септември.

Сепак тој беше откажан, па црногорската репрезентативка немаше убава прилика да се збогува со навивачите.

„Последните неколку денови имам чудно чувство, како да сум задоцнила за нешто. Измешани ми се емоциите, но бргу ќе излезам од оваа фаза. Ситуацијата не е најдобра за правење големи планови, но би сакала да бидам мајка. Ќе завршам факултет и ќе можам да се посветам на други работи. Нема да останам во ракометот, тоа е сигурно, но ќе бидам навивач број еден секогаш и секаде“, вели Булатовиќ за „Журнал“.

Во кариерата освои четири титули во Лигата на шампионите, со Будуќност, Шлагелсе и Ѓер, а стана европски шампион со репрезентацијата на Црна Гора во 2012 година.