Тимот на Веспрем пред реваншот со Вардар во Лигата на шампионите запиша уште една сигурна победа во домашното првенство.
Во домашното првенство Веспрем беше подобар на гостински терен против Ѓонѓес со 28:36. Од почетокот на мечот Веспрем воспостави контрола на теренот и не дозволуваше домаќинот да се разигра и да се обиде да направи нешто повеќе. После првиот дел гостите имаа водство од 15:19.
Победникот на натпреварот беше решен во почетните минути од вториот дел кога Веспрем направи серија од 4:0. Одбраната на Везпрем изгледаше одлично во овие минути и домаќините чекаа дури до 43. минута за првиот гол во второто полувреме.
Најефикасен во редовите на Веспрем беше Јахија со седум гола, а Ненадиќ и Македа постигнаа по три гола. Ќе потсетиме, Веспрем ќе го пречека Вардар во среда во терминот од 18:45 часот во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите откако во Скопје унгарскиот тим славеше со 30:22.