Сигурдсон се пензионираше, а зад себе остави голем рекорд

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Исланд, Гудјон Валур Сигурдсон пред неколку дена објави крај на својата играчка кариера. Со тоа стави крај и на кариерата во репрезентацијата на Исланд за која играше дури 21 година.

Сигурдсон кој има 41 година одлучи дека му е доста од играњето, а последниот клуб за кој играше беше ПСЖ. Постоеше опција да одигра уште една сезна, но очигледно е дека е време за нешто друго.

Она што останува да се памети за него се рекордите кои ги постигна со Исланд. Еден таков рекорд го постави на првото место на вечната листа на стрелци на натпревари под капата на ЕХФ и ИХФ во дресот на репрезентацијата.

На вкупно 365 натпревари тој успеа да постигне вкупно 1853 гола за репрезентацијата на Исланд со што успеа да постави рекорд за голови за националниот тим.

Претходниот рекорд кој беше постигнат од еден репрезентативец го држеше Унгарецот Питер Ковач зад чие име останаа запишани 1700 погодоци.

Последниот официјален натпревар за репрезентацијата на Исланд, Сигурдсон го одигра на Европското првенство на 22 јануари. Тоа беше против репрезентацијата на Шведска, а на овој дуел запиша четири погодоци.