Иранската репрезентативка Шагајег Бапири, чие исчезнување беше пријавено пред три дена за време на Мундијалот во Шпанија, се огласи во јавност.
Бапири потврди дека не се работи за никакво киднапирање, дека е добро и дека заминала по своја волја во потрага по подобар живот.
„Моето име е Шагајег Бапири. Одбрав да го напуштам тимот на Иран и да побарам азил во друга земја. Ова видео го постирам за да знаете сите дека сум добро и безбедна. Сакам да знаете дека не сум исчезната или киднапирана. Моето семејство е безбедно во Иран. Причината поради која барам азил е затоа што сакам да имам подобри опции за напредок во спортот во иднина. Целиот мој живот бил околу спортот, никогаш не сум била инволвирана во политика и во политика не се разбирам. Јас сум само спортистка и ништо повеќе. Се надевам дека жените во мојата татковината нема да се сметаат како граѓани од втор ред и да бидат присилени да прават работи што не ги сакаат“, вели Бапири.
Претходно за време на Светското првенство, за „исчезнати“ беа пријавени и четири камерунски репрезентативки.