Се тресеше авионот: Диригираа Циндриќ и Мем, лудо славје на каталонците (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона ја одбранија титулата во Лигата на шампионите, откако во финалето по пенали славеа над полскиот Келце.

Каталонскиот гигант ја освои 11. титула, а по славјето во „Ланксес Арена“, ракометарите и раководството веднаш се вратија во Барселона со чартер лет.

Прославата продолжи и во авионот, главни беа Лука Циндриќ и Дика Мем, а потоа на аеродромот во Барселона, ракометарите имаа мал пречек од неколку стотини поддржувачи.

Ѕирнете како беше во авионот на летот од Келн за Барса, а потоа и на аеродромот во Каталонија…