Македонија својот прв настап на големите натпреварувања го забележа во 1998 година на Европското првенство во Италија. Тогаш играше на овој шампионат на кој имаше 12 земји учеснички, а својот прв натпревар го имаше против селекцијата на Унгарија.
За првиот погодок се чекаше до 5. минута кога Томче Петрески успеа да се пробие до линијата од шест метри и да го погоди голот на Унгарците.
Секако вреди да се потсети и да се погледне овој погодок кој останува засекогаш запишан бидејќи Петрески е првиот стрелец на погодок на големите натпреварувања за Македонија.