Се сели во лутиот ривал: Мачковшек две години во ПИК Сегед!

Словенечкиот репрезентативец Борут Мачковшек, кој деновиве настапува на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, од лето ќе има нов клуб.

Иако во комбинација беше трансфер во германскиот Рајн Некар Левен, сепак Мачковшек ќе остане во Унгарија и ќе игра за лутиот ривал на Веспрем – ПИК Сегед.

Левиот бек потпиша договор на две години со унгарскиот вицепрвак и ќе ја засили позицијата каде прв избор е Рихард Бодо.

Мачковшек потекнува од Целје, а играше за Марибор, Монпелје, Динамо Минск, Хановер и Ајзенах.