Поранешниот македонски репрезентативец, а сега успешен стратег – Томе Петрески, замина од францускиот тим Ла Кро.
Петрески го презема кормилото на францускиот третолигаш Ла Кро во текот на минатото лето и таму остана девет месеци.
Францускиот клуб по разделбата со Петрески веќе го назначи и новиот предводник, а тоа ќе биде Денис Лату.
Петрески долго време работи во Франција, каде што мина дел од играчката кариера. Седеше на клупата на женскиот тим Кан, a претходно ги водеше Ла Рош и Оријак.
Прилепчанецот, кој има Мастер Коуч лиценца, во Македонија беше тренер во машкиот и женскиот тим на Пелистер, а работеше и во Младост Богданци, Тиквеш, Прилеп…