Во последното коло од регуларниот дел во Хрватска, Загреб го совлада Нексе со 25:16 и обезбеди предност од домашен терен пред разигрувањето за титулата.
Претседателот на Нексе, Јосип Ерговиќ смета дека неговата екипа е оштетена и за хрватските медиуми ја коментираше одлуката да нема директен пренос од натпреварот.
„Како претходно што предупредуваа медиумите и претчувствувавме се потвди на последниот меч. Забраната за директен пренос и внесување на било каква камера во салата имаше за цел да осигура дека судискиот пар Јуриновиќ-Мрвица ќе судат во корист на Загреб, а поучени од претходнодо искуство сме дека тоа што не се гледа не може да се докаже“, изјави Егровиќ.
Од Нексе сметаат дека нема да има резултат доколку се обратат до Хрватсккиот сојуз бидејќи луѓето се истите кои го режирале ова. Раководните лица во Нексе ја известиле ЕХФ за последните случувања, сепак ЕХФ не би можела да реагира без ХРС, но доволно е да бидат запознаени.
Истоа така Нексе понуди нов модел на избирање на судии за натпреварите, односно преку ждрепка или да добијат можност странски судии да судат натпревари од првенството на Хрватска.