Извршниот комитет на унгарската федерација го потврди решението на првостепената комисија и не му издаде лиценца на тимот на Шиофок за настап следната сезона во домашниот шампионат.
За разлика од машкиот тим на Веспрем КФТ и женскиот тим на Алба Фехервар, чии жалби беа прифатени и добија лиценца, таа на Шиофок беше одбиена.
Тоа значи дека овој клуб најверојатно ќе се пресели во второлигашката конкуренција, а унгарската федерација веќе го потврди новиот учесник во елитата, тимот на НЕКА.
Шиофок е тим кој ја освои титулата во Лигата на Европа во 2018/19, a се пријави за учество и за следната сезона.
Во овој унгарски клуб своевремено играа екс вардарките Андреа Пенезиќ, Тамара Мавсар, Сања Дамњановиќ, Татјана Хмирова…потоа Жужана Томори, Даник Снелдер, Нереа Пења, Мелинда Сикора…