Ниту овој викенд нема ракометни натпревари во Македонија, но има ракометни свадби, а трендот што започна во јуни продолжува и во јули.
Најново име на листата на ракометари што му кажаа збогум на ергенскиот живот е македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески.
Тој минатата година ја побара за сопруга Елена Стојчева, а денеска беше венчавката во црква и свадбената веселба, откако граѓанскиот брак беше склучен неколку дена претходно.
На свадбата покрај другите гости, беа присутни и голем број ракометари од Еурофарм Пелистер и од националниот тим.