Ракометарка од Данска, која настапува за тимот на Есбјерг ќе ја пропушти сезоната откако дона дека е бремена и дека на свет ќе треба да донесе девојче. Се работи за десниот бек Лине Јоргенсен, па ова ќе биде сериозен проблем за тимот од Данска бидејќи таа е една од клучните ракометарки.
Таа ќе мора да паузира, а ова значи дека ќе мора да биде ангажирана нова ракометарка на нејзината позиција. Под договор е до 2022 година, па сигурно останува во клубот, но ќе може веројатно да се врати за следната сезона.
„Го губиме еден од најдобрите десни бекови во Европа во моментов. Добро е што ни се враќа Мете Транборг, која успеа да заздрави, но Јоргенсен ќе ни недостига многу бидејќи се работи за играч од светска класа“, вели тренерот Јеспер Јенсен.
Таа досега има 147 натпревари за Данска, а сигурно го пропушта и Европското првенство во декември.