Новото засилување на Магдебург, Гисли Кристијансон, кое пристигна како замена за повредениот Марко Безјак, немаше среќа на првиот натпревар за новиот клуб.
Исландскиот интернационалец го повреди рамото и го очекува пауза до крајот на сезоната, па Магдебург ќе биде ослабен.
Бундеслигашот се наоѓа на четвртата позиција на табелата, а за два дена го игра дерби натпреварот со Хановер.
Повредата на Кристијансон. можеби ќе значи и поголема шанса за минутажа на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.