Во екипата на Ростов Дон се прават големи промени во играчкиот кадар за наредната сезона, иако засега многу ракометарки заминаа а сè уште не се доведени соодветни замени.
Главниот извршен директор на рускиот клуб, Антон Равенко во интервју за сајтот на Ростов Дон зборуваше за завршниот турнир во Лигата на шампиони за жени и за промените во ростерот на тимот.
„Раководството на ЕХФ инсистира натпреварите од фајнал форот од женската лига на шампиони да се одиграат. Натпреварите се закажани за 5 и 6 септември, а четвртфиналниот дуел со Брест ќе го играме во Будимпешта. Активностите за формирање на нашиот состав продолжуваат и понатаму. Преговараме со играчи кои се интересни за нас. Секако тие треба да бидат врвни играчи“, рече Антон Равенко.
Според плановите Ростов Дон би требало да биде на одмор до 15 јуни кога се очекува да стартуваат со подготовки за почетокот на новата сезона, но и финишот во Лигаа на шампионите.