Белорускиот дневен весник „Пресбол“ имаше интересна сторија за поранешниот ракометар Виктор Малиновски. Тој е син на легендата на овој спорт – Александар Малиновски, кој како член на полскиот Келце своевремено играше во еврокуповите против Пелистер Еврокар.
Неговиот син Виктор во минатото играше ракомет, но повредите го оддалечија од овој спорт, па тој реши да се посвети на друг „спорт“ што носи голем адреналин.
Пред осум години Малиновски јуниор ги скина лигаментите на коленото на натпревар на Келце, направи две операции, па следуваш повреда на менискусот, пред комплетно да се повлече од ракометот.
Во 2016 година Виктор дебитираше на турнирите за покер, а сега е меѓу најдобрите „покераши“. Досега заработи вртоглави три милиони долари, што со играње ракомет долго време немаше да ги добие.