Се освестија на време – и Белорусија означи крај на шампионатот!

Иако долго време одолеваше, сепак и белоруската ракометна федерација реши да стави крај на шампионатите во двете конкуренции, како што тоа го направија и многу други федерации поради пандемијата со коронавирусот.

Немаше дилеми дека Мешков Брест и да се играше докрај, ќе ја освоеше титулата, но вака барем нема да игра неважни натпревари и ракометарите да се изложуваат на непотребен ризик.

Женскиот првак ќе се добие со двомеч меѓу Гомел и БНТУ Белаз, а натпреварите ќе се одиграат на 13 и 17 мај.

Завршните турнири во Купот на Белорусија ќе се одржат на почетокот на следната сезона.