Некогашниот ас на Металург и Вардар, а сегашен на Барселонa, Лука Циндриќ се ожени со долгодишната партнерка Лара Стипетиќ.
За забавата на присутните се погрижи познатата хрватска пејачка Маја Шупут, која имаше свое шоу, а интересен момент беше дека Циндриќ фрлаше кон неженетите гости ракометна топка.
Меѓу гостите беа и неколкумина Македонци – Ждаре, Јонче и Чарли. Македонската врска трае уште од времето кога Циндриќ играше во Вардар, па и кога замина нивната дружба остана. Пред десетина дена Лука беше неколку дена на гости во Скопје, а токму Ждаре, Јонче и Чарли беа негови домаќини. Тие беа и во Унгарија на ЕП 2022, кога бодрејќи ја репрезентацијата на Македонија во Дебрецин, „свратија“ и во Сегед каде играше Хрватска, да се видат со Циндриќ, Чупиќ…
Од ракометарите на свадбата беа присутни Јуре Доленец, Марин Шипиќ, Марино Мариќ, Марко Мамиќ, Филип Ивиќ, Блаж Јанц…
Циндриќ и Стипетиќ се заедно од средношколските денови, а во јули 2020 станаа родители на Алиса.