Се одржа ждрепката за групната фаза на ракометните турнири на претстојните Азиски игри кои ќе играат во кинескиот град Ханчжу.
На Азиските игри, кои се одржуваат на секои четири сезони (пандан на Олимписките игри на азискиот континент), ќе играат 13 машки и девет женски репрезентации.
Титулите ќе ги бранат селекциите на Катар кај мажите и Јужна Кореја кај дамите, а одново тие се фаворити за злато.
На машкиот турнир покрај Катар, во борбата за врвот би можеле да се приклучат Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија…
Македонија ќе има претставник во името на Кристијан Грчевски, кој е тренер на голманите во Саудиска Арабија и работи заедно со селекторот Зоран Кастратовиќ.
Ракометните турнир во овој кинески град ќе се одржат од 23 септември до 8 октомври.
Азиски игри, мажи:
група А: Кина, Кувајт, Тајланд
група Б: Катар, Јужна Кореја, Хонг Конг
група Ц: Бахреин, Узбекистан, Казахстан
група Д: Саудиска Арабија, Иран, Монголија, Јапонија
Азиски игри, жени:
група А: Јужна Кореја, Казахстан, Тајланд, Узбекистан
група Б: Кина, Јапонија, Индија, Хонг Конг, Непал