Поранешната ракометарка на Вардар Андреа Лекиќ, заработи тешка повреда на тетивата на дуелот со Холандија и ќе биде надвор од терените до крајот на оваа сезона.
Паузата по скината тетива е најмалку шест месеци, но веројатно Лекиќ нема да ризикува и да се враќа на терен во мај, туку ќе го почека стартот на новата сезона
33-годишниот среден бек веќе беше на операција во Данска, која помина како што требаше и таа денеска треба да се врати во Србија.
„Ви благодарам на поддршката и на убавите желби. Се гледаме следната сезона“, напиша Лекиќ на социјалните мрежи.