Европската ракометна федерација денеска донесе одлука со која осминафиналните и четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите се откажани.
Тоа значи дека Вардар, ПИК Сегед, Целје, Келце, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Алборг, Порто, Фленсбург и Монпелје се елиминирани, а на Ф4 ќе играат најдобрите четири екипи од групната фаза.
Во Келн на 28 и 29 декември ќе се појават Кил, ПСЖ, Веспрем и Барселона, а таквата одлука не му се допадна на некогашниот вардарец, а сега член на Келце – Игор Карачиќ.
„Не е фер“, напиша Карачиќ на Инстаграм.