Откако во изминатите денови некои европски медиуми ја лиферуваа веста дека тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор, ќе оди во Барселона, од унгарскиот тим се огласија на официјалниот веб-сајт.
„Тренерот Пастор има договор до 2021 година. Во објавените вести нема вистина, никој не побарал трансфер и нашиот тренер не сака да си замине, туку да се концентрира на работата во Сегед“, се вели во објавата од унгарскиот тим.
Според информациите што беа објавени, Пастор би требало да го замени Пасквал на кормилото на Барселона, додека на негово место во Сегед тренер да биде актуелниот играч на ПИК Сегед, Јонас Калман, но од тоа нема да има ништо.