Одлуката на судиите од Франција, сестрите Бонавентура која донесе практично и одлука за победникот на средбата меѓу Холандија и Шпанија во финалето од Светското првенство и понатаму ја бранува ракометната јавност.
Откако денеска ИХФ ги оправда сестрите велејќи дека биле во право со досудувањето на седум метри, сега и самите сестри се огласија со свое соопштение потврдувајќи дека биле во одлична позиција и дека успеале да видат добро што се случувало на теренот.
„Нашата улога на теренот е да се применат прописите. Во моментот на донесување на одлуки сомнежот е еднаков на нула. Бев добро позиционирана (Жули) и имав одличен поглед. Во време на блокот топката не ја премина целосно линијата. Тоа се случи во последните 30 секунди, па резултираше со црвен картон и со удар од седум метри. Истата работа ја видоа и резерните судии кои беа позиционирани на центарот. Тие ни го потврдија истото после натпреварот. Во овој момент од играта треба да се има доволно ментална свежина за да се анализира ситуацијата и мирно да се донесе одлука. Можеби е во прашање, но немаше употреба на ВАР системот на овој Мундијал. Решението беше логично“, велат Бонавентура.
Без разлика на сето ова никој не може да и ја поништи титулата на селекцијата на Холандија, која во финалето славеше против Шпанија со 30:29.