Ракометарите на Нексе вчера го совладаа најголемиот ривал во домашното првенство, екипата на Загреб со 30:29. Со оваа победа тие го преземаа и лидерското место на првенствeната табела со ист број на бодови, но подобар меѓусебен дуел.
Нексе во нaјголемиот дел од мечот имаше предност и на крајот заслужено дојде до победата. Оваа победа на Нексе е и историска затоа што се прекина една неверојатна низа која е раритет во спортот.
Имено, тимот кој во домашните натпреварувања во Хрватска знае само за трофеи, ППД Загреб првпат изгуби на првенствен натпревар уште од 2007 година, тогаш победа прослави Осијек.
Нексе се категоризираше како втора сила во својата земја и достоен ривал на трофејниот гигант, но до вчерашниот триумф победуваше само во СЕХА лигата и пријателските средби.
Нексе така во добра атмосфера ќе го дочека осминафиналниот дуел против Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа во вторник, но ништо поразлично не е ниту во таборот на битолскиот тим кој вчера се радуваше во дербито со Вардар.