Репрезентацијата на Норвешка во претпоследното коло од групната фаза ја совлада Шпанија со 27:23, а ова беше прв пораз на бранителот на титулата. Во пресрет на последното коло три репрезентации влегуваат со по шест бода и нè очекува супер интересна разврска во групата 2.
Шпанија го отвори натпреварот со 2:0 со головите на Гомез Абељо, но Норвешка одговори со серија од пет последователни гола за водство од 5:2 после десет минути игра. Норвешка играше одлично и многу брзо имаше водство од 10:5.
Шпанците се обидоа да стигнат до што помала негатива на полувремето, Гвардиола намали на 9:11, но сепак до карајот на првите 30 минути Норвежаните го сочуваа вотството. На паузата имаа три предност, 14:11 како и во најголемиот дел од првото полувреме.
Во продолжението Норвешка со помош на голманот Северас кој имаше пет интервенции но во клучните моменти успеа да ја сочува предноста. Шпанците се обидоа да избегнат пораз, но направија неколку грешки и негативата достигна пет гола кои беа недостижни до крај за пораз.
Хорхе Македа беше прв стрелец во тимот на Шпанија со шест гола, а Гомез Абељо погоди пет пати. Во составот на Норвешка прв стрелец беше Бартхолд со шест гола, додека гулеруд беше стрелец на пет погодоци. Во последното коло Норвешка и Шведска во директен дуел ќе се борат за полуфинале, а Шпанија против Полска ќе бара потврда на нов пласман во завршницата.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА