По голманот Андреас Вулф, следен на листата на повредени играчи во полскиот првак Келце е десното крило Беноа Конку.
Францускиот репрезентативец заработи повреда на мускулот на мечот од полскиот шампионат против Гдањск.
Келце не објави колку долга ќе биде паузата на Конку, но тоа е голем проблем за тренерот Талант Душебаев.
Остана само со двајца леваци – со Аракдиуш Морито на десната крилна позиција, како и со Алекс Душебаев на десен бек.
Павел Пачковски уште не е подготвен за настап, левиот бек од Египет – Хасан Кадах исто така ќе паузира некое време, а повреда на грбот има голманот Сандро Мештриќ.
Келце е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.