Поранешните француски репрезентативци браќата близнаци Оливие Њокас и Кевин Њокас кои се приклучија на тимот на Вардар од денеска и официјално тренираат со екипата на шампионот на Македонија.
Откако беа завршени сите формалности околу трансферите на двајцата ракометари веќе нема никакви пречки да започнат со подготовките за претстојните предизвици во домашното првенство и Лигата на шампионите.
Иако браќата беа најавени како засилувања на Металург многу брзо се одлучија да ја променат средината и во наредниот период ќе играат за Вардар.
На денешниот прв тренинг имаа можност да се запознаат со новите соиграчи и тренерот и начинот на работа на тренинзите. Покрај браќата Њокас, во Вардар настапуваат уште двајца Французи – Бакари Диало и Жереми Тото.