Македонскиот голман, Никола Митревски во вчерашниот натпревар против Чешка доби незгоден удар во пределот на окото.
При еден напад на Чесите, Војтех Пацел го погоди Митревски, судијата реагираше и го прекина натпреварот, но чешкиот репрезентативец помина без санкција. Ден по натпреварот, Митревски на социјалните мрежи покажа како изгледа.
Дефинитивно ударот не бил пријатен, но сепак сигурно дека и самиот Митревски не жали за ништо затоа што Македонија ја оствари главната цел, а тоа е пласман на Светското првенство.