Европската ракометна федерација го најави учеството на Македонија на претстојното Европско првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Ова ќе биде шесто учество на континенталните собири за нашата репрезентација, која повторно ќе биде предводена од рекордерот по број на постигнати голови на ЕП, Кире Лазаров.
Македонија е во групата Б, со домаќинот Австрија, Украина и Чешка.