Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.
Вардарци ќе мора против дел од своите поранешни колеги – Манасков, Борозан, Шишкарев, Мораес…
На клупата на Веспрем се исто така двајцата поранешни членови – Давид Дејвис и Димитар Маневски.
Тука е и некогашниот голман на „црвено-црните“, Арпад Штербик, како и кондицискиот тренер Марија Лојаница.
Пред стартот на мечот се евоцираа многу спомени…