По завршниот турнир во Купот на Македонија, повторно во фокусот се враќаат суперлигашките натпревари.
Четирите екипи од Скопје ќе имаат гостувања – две ќе патуваат во Битола, додека две покрај езерото во Охрид и Струга.
Први на мегдан ќе излезат составите на Охрид и Пролет, кои ќе се соочат во Велгошти в среда од 19:00 часот.
В четврток се играат три натпревари, а програмата ќе започне со интересниот натпревар во „Боро Чурлевски“ меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Металург од 15:00 часот.
На истото место следува дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар од 18:00 часот, додека од 18:30 во Струга ќе се соочат домашниот тим и Бутел Скопје.
Во плеј-аутот, КЛ7 – Астраион и Радовиш – Прилеп ќе се играат в среда, додека средбите Работнички – Тиквеш и Тиквеш – Младост Богданци.