Се вратија Бабиќ и Кушан: Еурофарм Пелистер лесно до бодовите против Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се рехабилитираа за четирите порази во серија во сите натпреварувања и прославија убедлива победа над составот на Пролет со девет голови разлика, 26-17.

Домашните ракометари отворија со водство од 3-0, па беше 5-1 и стана јасно каков натпревар ќе гледаме во продолжение. Гостите беа немоќни да му се спротистават на разиграниот ривал во чиј состав се вратија тренерот Бабиќ, како и пикерот Кушан и голманот Хендави. До крајот на полувремето битолчани создадоа позитива од шест разлика, иако не блескаа ниту тие во нападот, 12-6.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер водеше и со плус осум, 16-8, а Пролет за момент врати со серија од три гола за 16-11. Тоа беше само моментален блесок на гостите, а битолчани само рутински ја завршија задачата за конечна победа

Треба да се одбележат и двата црвени картони на Ласко Андоновски и Дејан Пецаковски, кои поради приговор на судиска одлука добија директни црвени картони на десетина минути до крајот.

Овој триумф беше загревање за Еурофарм Пелистер пред гостувањето во Автокоманда кај Металург, додека Пролет рехабилитација за поразот ќе бара на дерби дуелот со Бутел Скопје.

7 април 2021
26 - 17
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
7 април 2021 16:53 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 07.04.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1226Победа
ПРОЛЕТ617Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек02
3Гоце Ојлескилево крило02
4Никола Маркоскипивот00
6Бојан Маџовскилево крило01
7Дејан Кукуловскилев бек02
9Стипе Мандалиниќлев бек05
10Томислав Кушанпивот15
11Невен Стјепановиќдесен бек00
13Мирко Радовиќдесен бек12
18Јосип Периќцентрален бек03
19Ненад Костескидесно крило04
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек00
27Дарио Петровскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек00
88Карим Хендавиголман00
 Вкупно 226

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот05
7Кристијан Давитковскидесен бек00
8Дејан Пецаковскилев бек22
9Бојан Јовановскилево крило00
10Стефан Доневпивот00
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек14
22Александар Василевскилев бек00
24Јован Фичорскицентрален бек01
26Петар Ангеловголман00
55Никола Потиќдесен бек01
71Давор Палевскилево крило02
99Жарко Пејовиќцентрален бек00
16Јане Цветковскиголман01
 Вкупно 317

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515