Поради ракомет на плажа Женската лига ќе заврши на 17 мај

По барање на селекторот на репрезентацијата во ракомет на плажа, Златко Мојсоски, Женската лига ќе заврши три дена порано од предвиденото на 20/21 мај.

Со цел за подолги подготовки на репрезентацијата во ракомет на плажа пред ЕП, селекторот Мојсоски побара последното коло, 8 од плеј-оф/аут ќе се одигра на 17/18 мај.

Сите ракометарки што ќе играат на континенталниот собир во ракомет на плажа се ракометарки од домашното првенство, а ЕП почнува од 23 до 28 мај во португалскиот град Назаре.

Шампионот е веќе познат, Чаир е во борба со Куманово за второто место, додека Вардар ќе заврши на четвртата позиција.