Шампионот на Португалија уште сега го крои ростерот за наредната сезона и ги обезбеди услугите на Иван Слишковиќ. Хрватот потпиша двегодишен договор со Порто.
Левиот бек во Португалија се сели од Германија каде што изминативе две години настапува во Гепинген. 27-годишниот ракометар доживеа голем напредок во кариерата преку настапите во Нексе, Целје и Веспрем.
Слишковиќ беше стандарден член и на репрезентацијата на Хрватска се до Олимпијадата во Рио. Тогаш му беше дијагноситцирана мононуклеоза, а болеста беше причина за предвремен крај на престојот во Веспрем.
Иако тој црн период е зад Слишковиќ, сепак тој се уште не е на нивото од 2016 година. Можеби моменталната ситуација на голем развој на ракометот во Португалија ќе му помогне да се врати во посакуваната форма и во репрезентациајта на Хрватска.